Албанец сакал со фалс лична карта да стигне до Англија

Дваесет и седумгодишниот Албанец В.М. доби кривична пријава бидејќи сакал со фалсификувана лична карта да излезе од Македонија.

На аеродромот Александар Велики тој приложил фалсификувана италијанска лична карта на име на италијански државјанин, која ја набавил во Тирана за 1000 евра. Имал намера со истата да стигне до Англија.