Членови на српската кошаркарска репрезентација биле нападнати во Удине од маж за кој се верува дека бил од албанска етничка припадност.
Како што пренесува српски „Б92“, потпретседателот на КСС, Игор Ракочевиќ, откри за овој медиум дека инцидентот се случил во четвртокот вечерта кога репрезентацијата добила слободна вечер и заминале на прошетка во градот.
Пред половина час еден Албанец ги нападна нашите деца во Удине. На децата им беше дозволено да прошетаат, заедно беа во српски маички, а потоа почнал да ги следи еден Албанец, возејќи велосипед, изјави Ракочевиќ.
Претставникот на КСС посочи дека напаѓачот започнал да им дофрла на младите кошаркари.
Ни говореше се, дека Косово е Албанија, а не Србија… Децата спортски се однесуваа, му покажуваа со рака да се тргне, но тој стана уште поагресивен, се симна од велосипедот и почна да ги брка со нож. Децата успеаа да избегаат во хотелот, додаде Ракочевиќ.