Триесет и осумгодишен Албанец е убиен во престрелка која се случила претпладнево во Атина.
Застреланиот бил пронајден од страна на полицијата пред влез на една зграда откако соседите пријавиле дека слушнале неколку истрели.
Веднаш бил однесен во болница, но набрзо им полегнал на повредите.
Сè уште се испитуваат околностите под кои дошло до престрелката, а полицијата соопшти дека против убиениот од претходно имало издадено налог за апсење поради поседување нелегално оружје.