Албанија ја зајакнува сајбер безбедноста

По серијата напади, кои зачестија од пред две година, Албанија подготви нов закон со цел да го зајакне нивото на сајбер безбедност во земјата, со кој преку зголемување на капацитетите за спречување на софистицирани напади, планира да инвестира 111 милиони евра во следните пет години.

„Сајбер-нападите се веќе многу софистицирани. Сегашните капацитети се недоволни да гарантираат високо ниво на безбедност во мрежите и информациските системи. Од витално значење е да се воспостави правна рамка во условите во кои се наоѓаме, а за да се одговори на зголемените напади, неопходно е да се воспостави современа правна рамка според директивите на ЕУ“, изјави Игли Тафа, директор на Националната управа на седница на парламентарната законодавна комисија.

Албанија во последниве години се соочи со серија софистицирани сајбер-напади за кои владата ја обвини Исламската Република Иран.

Во извештајот на американскиот технолошки гигант „Microsoft“, која беше повикана од албанската влада да помогне во одбивањето и истрагата на сајбер-нападот врз Албанија, се вели дека успеала да пронајде четири групи напаѓачи поврзани со разузнавачките служби на Иран.

Како одговор на нападите врз владините мрежи од Техеран, официјална Тирана одлучи да ги прекине дипломатските односи со Иран во почетокот на септември 2022 година и им нареди на иранските дипломати и на вработените во амбасадата да ја напуштат земјата во рок од 24 часа.

Иранското Министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата за нападот како неосновани, а одлуката за прекин на дипломатските односи како „кусогледа“.

Двете земји имаа тензични односи од 2014 кога Албанија прими првично повеќе од 4.000 членови (нивната бројка во 2019 година веќе изнесуваше 6.000) на протераната милитантата сунитска органзиација Народна муџахединска организација на Иран, која во ирачко-иранската војна во 1980-те се бореше против доминатно шиитски Иран на страната на ирачкиот диктатор Садам Хусеи. Тие пред десет години, по победата на мозинските шиите во Ирак, кои имаат тесни врски со Техеран, со инсистирање на тогашната американска државна секретарка Хилари Клинтон, беа евакуирани од населбата близу ирачката престолнина Багдад во посебен камп во близина на Драч.