Албанија денеска ќе враќа 20 украдени икони од македонските цркви

Вкупно 20 икони украдени од македонските цркви, претежно од струшкиот регион, денеска ќе бидат вратени од Албанија во Македонија.

Иконите ќе бидат соодветно спакувани да не се оштетат при пренос и ќе бидат однесени во Музејот на Македонија, од каде по процесот на заштита, ќе бидат изложени, а потоа и вратени на МПЦ.

Постапката за враќање на украдените икони во земјава од Албанија, започна во 2013 година, со интенизвни активности во последниве две години. Во периодот од 2009 до 2013 година имаше силен бран на насилни кражби во црквите, особено во Западна и во Југозападна Македонија, при што се украдоа стотици икони, а поднесени се кривични пријави за сторителите.

Незаконски одземените икони од македонските цркви случајно ги забележале нашите експерти вo 2013 на прилог со премиерот Еди Рама на албанска телевизија.