Албанија доби 100.000 дози од вакцината на „AstraZeneca“ донација од Грција

Во Институтот за јавно здравје во Тирана попладнево пристигнаа 100.000 дози вакцини „AstraZeneca“, донација од  Грција, соопшти министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, заблагодарувајќи ѝ се на Грција за поддршката.

Nнајави дека вакцинацијата ќе продолжи од врата до врата.

„Во Институтот за јавно здравје штотуку пристигнаа 100.000 дози вакцина AstraZeneca благодарение на солидарноста и поддршката на владата на Република Грција. Досега пристигнати се 1.220.070 антиковид вакцини. Ние сме решени да продолжиме без да застанеме со националниот план за вакцинација, од врата до врата, за да ги заштитиме животот и здравјето на граѓаните. Албанија се насмевнува“, напиша Манастирлиу на Facebookк.

Со процесот на имунизација, кој во земјата, под мотото „Албанија се насмевнува“, почна на 11-ти јануари, досега опфатени се над милион и 20 илјади граѓани а половината од нив се ревакцинирани. Се користат вакцини од „Pfizer/BioNtech“, „AstraZeneca“, „Sinovac“ и „Спутник V“.