Европската комисија даде позитивен извештај за напредокот на Албанија и препорача Советот на министери на ЕУ да ѝ дадe кандидатски статус.
Ова, како што јави дописникот на МИА, е најкусото резиме од денешниот престој на еврокомесарот за проширување Штефан Филе и неговата средба со премиерот Еди Рама.
„Албанија продолжи со имплементација на неопходните реформи кои се поврзани со ЕУ, поточно со кандидатскиот статус, забележа значајни легислативни реформи во борба против организираниот криминал и позитивни резултати во борбата против шверцот со дрога и други сериозни област и има потреба за длабоки реформи во правосудството, кои ќе бидат одлучувачки во борбата проитв корупцијата“, пишува во извештајот за напредокот.
Врз основа на заклучоците во Извештајот, Комисијата препорачува Советот на ЕУ да ѝ даде на Албанија кандидатски статус без никакво двоумење.
Оценувајќи ја препораката како добра вест за сите Албанци, премиерот Рама меѓу другото се заложи и за дијалог со опозицијата.
Албанија доби препорака од ЕК и во октомври 2013 година, но пет земји членки на ЕУ – Германија, Франција, Велика Британија, Данска и Холандија, побараа одлагање на препораката за јуни годинва. Албанија се надева дека овие земји нема да го преземат истиот чекор, затоа што до сега тие не искажале резерва по ова прашање за Албанија. Препораката Советот треба да ја донесе на 23 јуни.
На позитивната препорака експресно реагираше опозициската Демократска партија, констатирајќи дека тоа е плод на работата на демократската Влада на поранешниот премиер Сали Бериша.