Албанија го усвои Законот за заштита на малцинствата со 102 гласа “за”, 10 “против” и еден воздржан и со ова го призна и бугарското малцинство во земјата.
Според премиерот Еди Рама, ова е пример за другите земји за почитување на малцинствата:
„Новиот закон го прави овој парламент горд, а другите (земји) околу нас можат да научат (од него) како се почитуваат малцинствата”, рече албанскиот премиер.
Министерот за надворешни работа Дитмир Бушати, изјави дека документот воопшто не врши дискриминација на малцинствата, туку ја покажува вистинската слика во Албанија.
Албанија признава 8 малцинства – Македонци, Власи, Грци, Египќани, Срби, Бошњаци, Црногорци и Роми а со новиот законскит текст е внесено е постоењето и на бугарско национално малциснтво.
Претседателот на македонското друштво „Илинден“ Никола Ѓурѓај во изјава за МИА рече дека е незадоволен од ваквиот однос на албанските власти, дека Албанците попуштиле пред заканите на Бугарија за вето за започнување на преговорите за членство со ЕУ.
Според него, овој договор e „геноцид врз Македонците и деформација на историјата”.