Судот за спортска арбитража во Лозана прекинатиот меч Србија-Албанија ќе го регистрира со службена победа на гостите.
Според пишувањата на дел од медиумите во Данска, Судот за спортска арбитража сместен во Лозана ќе ја поништи одлуката на УЕФА за прекинатиот меч помеѓу Србија и Албанија одигран во Белград во квалификациите за пласман на ЕП 2016.
УЕФА овој меч го регистрираше со 3:0 за Србија, но потоа на „Орлите“ им ги одзема доделените три бода, а Судот во Лозана наводно победата и трите бода ќе им ги додели на Албанија.
Мечот Србија-Албанија, кој беше одигран во октомври минатата година, беше прекинат поради беспилотно летало, односно дрон, кој носеше знаме на голема Албанија, што беше вовед за тепачка, влегување на навивачите на теренот и прекин на мечот.