Австралискиот премиер Ентони Норман Албаниз(е) во вторникот изјави дека Австралија му пружа помош на Џулијан Асанж по веста дека основачот на разобличувачкиот интернет ресурс WikiLeaks се согласил да се изјасни како виновен за едно обвинение во спогодбата со САД и дека го напуштил Обединетото Кралство.
„Владата секако е свесна дека австралискиот државјанин Џулијан Асанж има закажани правни постапки во Соединетите држави“, рече Албаниз пред австралискиот парламент, поздравувајќи ја веста како позитивен развој на настаните.
Според судските документи поднесени во понеделникот, Асанж ќе се изјасни за виновен за едно обвинение – она за заговор за добивање и откривање доверливи информации за одбраната на САД. Во договор со американското Министерство за правда, тој ќе биде поштеден од дополнителна временска затворска казна во САД.
Се очекува Асанж во среда да присуствува на сослушувањето на островот Саипан во Тихиот Океан, по што ќе се врати во Австралија, се вели во судските документи. Саипан, дел од архипелагот Маријанските острови, е под американска власт.
Договорот сè уште треба да биде одобрен од американски федерален судија.
Неговата сопруга Стела Асанж во вторникот изјави дека е „екстатична“ по веста дека тој ќе биде ослободен и дека тоа е „неверојатно“, објави Reuters. „Тој ќе биде слободен човек откако судијата ќе се потпише, што ќе се случи утре некаде“, додала.
Албаниз најави дека нема да дава „повеќе детални коментари“, бидејќи постапката е во тек, но потврди дека високиот комесар на Обединетото Кралство, Стивен Смит „патувал со г-дин Асанж кога тој го напуштил Обединетото Кралств“. во австралискиот амбасадор во САД“. Помош на основачот на WikiLeaks, исто така, му пружа и австралискиот амбасадор во САД, Кевин Руд, додаде австралискиот премиер.
„Случајот се одолговлекуваше предолго. Ништо не може да се постигне со неговото дополнително затворање и сакаме тој да се врати дома во Австралија. Ќе имам повеќе да кажам кога ќе заврши судската постапка и се надевам дека тоа ќе биде многу брзо. Тогаш соодветно ќе ве известам“, рече Албаниз.
Сајтот WikiLeaks објави дека Асанж го напуштил лондонскиот затвор Белмарш со кауција во понеделникот наутро, заминувајќи од Велика Британија од аеродромот Стенстед.
Платформата WikiLeaks, којашто сега 52-годишниот Асанж ја основаше на почетокот од 2000-те години, објави илјадници доверливи американски воени документи за американската инвазија на Авганистан и Ирак, како и тајни американски дипломатски депеши за политичките противници но и сојузници кои на Вашингтон му предизвикаа на непријатности.
САД тврдат дека Австралиецот со тоа ги загрозил животите на американските агенти и дека нема оправдување за неговите криминални дела. Неговите поддржувачи, од друга страна, го слават како херој кој беше обвинет за откривање американски злосторства. Меѓу другото, во 2010 година WikiLeaks објави видео од американски воени хеликоптери кои убиваат цивили во главниот град на Ирак, Ирак, како и информации за стотици цивили убиени за време на американската инвазија на Авганистан.
Британската полиција го уапси Австралиецот во 2019 година во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што престојуваше седум години, откако по промената на власта во оваа латиноамериканската земја новите челници поддржани од САД му го ускратија политичкиот азил на нивната екстериторијалност.