Албанка од Косово убавица на Германија

Косовската Албанка Албјона Мухаремај (20) е прогласена за најубава девојка во Германија.

Со тоа таа се здобива со правото Германија да ја претставува на избор „Мис на светот 2015“, пишува порталот Албеу.

Преубавата Албјона, потекнува од Косово, но подолг период живее во Минхен.

Таа како претставничка на Косово учествуваше на изборот „Мис интернационал 2014“. Албојона ја носи и титулата „Мис дијапоспора“, најубава девојка на албанската дијаспора.

Медиумите наведуваат дека таа е во врска со познатиот пеач Шпат Касапи од Македонија.