Во еден од многубројните бункери, изградени во цела Албанија од поранешниот комунистички лидер Енвер Хоџа, 30-годишната вдовица Флорие Џана ги огледува своите три деца во многу примитивни услови, пишува албанскиот весник „Шекули“.
Пред 12 години таа и нејзиниот покоен сопруг го купиле бункерот во предградие на Тирана за 35 илјади леки (250 евра). Шест години подоцна нејзиниот сопруг починал и таа почнала вистинска борба за преживување.
Трите деца, момче и две девојчиња, одат на училиште, а мајката секојдневно се мачи да им обезбеди минимални услови за нормален живот.
Децата велат дека нивниот дом е доста широк и оти во текот на зимата е топол, а во текот на летото студен. Се жалат само дека немаат многу мебел, а кога врне таванот прокиснува.
Според официјалните податоци во времето на Енвер Хоџа изградени се 700 илјади бункери, а според некои проценки од материјалот што бил искористен за нив можело да се изградат околу седум милиони помали станови.