Албанската мафија е меѓу трите најопасни во Европа

Еден од најпознатите италијански обвинители во борбата против мафијата Никола Гратери, изјави дека албанската мафија е меѓу трите најопасни во Европа и оти високото ниво на корупција во Албанија е главната причина за збогатувањето на албанската мафија во Италија, јавија албанските медиуми.

Toj рече дека денеска во Европа постојат три опасни мафии: калабриската мафија Ндрангета, албанската и северноафриканската мафија.

– Денес има три мафии, тука е Ндрагета, тука е албанската мафија, која веќе не е таа што ограбува вили, таа е доста структурирана, која се збогати во својата земја благодарение на застрашувачката корупција, а потоа е мафијата на третата генерација северноафриканци – додал тој.

Обвинителот нагласил дека благодарение на големата корупција во Албанија лесно е да се компромитираат дури и јавните функционери.

Според него калабриската мафија Ндрангета има „деловен“ обрт еднаков на 50 милијарди евра годишно, присутна е во Австралија, САД, Канада, Германија и дека од 1 кг кокаин добивката е четирикратна и нема „поголема добивка од овој бизнис, кога грам кокаин се продава за 50 евра“.

Гратери претходно алармираше за притисокот што албанската мафија го презема во Европа за контрола на трговијата со кокаин од земјите од Јужна Америка.