Албанската опозиција да земе пример од македонската опозиција, медиуми

И покрај поразот на претседателските избори пред две ипол години, ВМРО-ДПМНЕ имаше добар резултат на општите избори минатата година и триумфираа во 2021 година на локалните избори. Се подновија, се обединија со себе, со граѓаните и со албанската опозиција и триумфираа, се наведува во анализата на Almakos во којашто се сугерира слично постапување и на опозициските партии на Албанците во Македонија.

„Пред четири години најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, ги загуби речиси сите општини во државата, вклучително и историските бастиони. Тоа беше првиот пораз на Никола Груевски од 2006 година кога дојде на власт. Тој поднесе оставка, се соочи со напади и судски постапки, беше осуден и побегна од Македонија во Унгарија каде што живее и денес“, се наведува во анализата на порталот Almacos.

„Неговата партија, анатемирана од меѓународните, ослабе и се мислеше дека никогаш повеќе нема да крене глава. Организираше внатрешни избори, а за претседател наместо Груевски беше избран Христијан Мицкоски. Раководството го сочинуваа млади луѓе но и со придонеси и гласови во партијата и во електоратот. Тие го задржаа својот доктринален пристап како политичка сила создадена во 1903 година и антирежимска партија во времето на комунизмот. Се дистанцираа и од политичкиот екстремизам од времето на Груевски, но никогаш не го нападнаа лично (Груевски). Тие, како членка на Европската народна партија, водеа прозападна агенда, но во меѓувреме ги остранија од партијата сите корумпирани од поранешното раководство со на чело Сашо Мијалков, поранешниот шеф на тајната служба, кој сега е во затвор“, се наведува натаму во анализата.

„Тие се вклучија и во една агенда заедно со албанската опозиција на Зијадин Села и Алтернатива со кои беа во политичка војна. Нив ги обедини борбата против корупцијата и граѓанската агенда за интеграција. И покрај поразот на претседателските избори пред две ипол години, тие имаа добар резултат на општите избори минатата година и триумфираа во 2021 година на локалните избори. Се подновија, се обединија со себе, со граѓаните и со албанската опозиција и триумфираа“.

„И покрај тоа што Заев беше лидер кој има најголема можна меѓународна поддршка во историјата на Македонија, тој катастрофално загуби. Овие пораки мора да ги прими албанската опозиција, која оди од пораз в пораз, поделена меѓу себе и нејзините сојузници, без меѓународен кредибилитет, без програма и цели и целосно под контрола на локалната олигархија. Вака најверојатно ќе има долг живот во опозиција.. Нека земе пример од македонската опозиција“, пишува Алмакос во анализа потпишана од Аниса Бахити.