Албанската полиција заплени околу тон марихуана

марихуана

Во акцијата спроведена на периферијата на Саранда, запленети се над 700 килограми марихуана, која била отркиена во напуштен тунел кај месноста „Трафостанца“.

Во акцијата е уапсен 20-годишен жител на од селото Метоќ, а полицијата трага по неговиот нарко партнер, 27-годишен жител на Саранда. Приведени се и осум жени кои биле ангажирани за пакување на дрогата.

Во акцијата на полицијата во Валона заплените се над 150 килограми марихуана, скриени во подрумски простории во угостителски објект на плажата Звернец. Уапсен е сопственикот на хотелот, чиј идентитет не се наведува.

Во северниот дел на земјата, во село во близина на Скадар запленети се околу 100 килограми марихуана во фаза на сушење во импровизирани колиби во планиски предел.