Албанската полиција од Џирокастро заплени 500 килограми марихуана наменета за грчкиот пазар, објавија денеска албанските медиуми.
Дрогата која како што се наведува потекнува од Лазарата, на југот на Албанија недалеку од Џирокастро каде што владеат нарко картели и кадешто полицијата не се осудува да влезе.Истата била спакувана во 15 торби и транспортирана во две возила „ренџ ровер“.
Инаку Лазарата уште го нарекуваат и претстолнина на албанската марихуана.Полицијата интервенирала во моментот кога во селото Хоштев, шверцерите ја премесетувале дрогата на магариња преку кои илегално требала да биде префрлена на грчка територија.
Кога ја забележале полицијата, двајцата шверцери успеале да побегнат, а третиот бил уапсен.