Албанската влада донесе мерки за заштеда на енергија

Албанската влада доцна синоќа до Парламентот го достави планот – мерки за заштеда на електрична енергија. Со документот предвидено е по 22 часот да се гасне осветлувањето на секој главен и спореден меѓуградски пат, како и надворешното осветлување на јавните и културните објекти, споменици, плоштади и фонтани.

Паралелно со ова, инвертерите во државните институции треба да бидат на температура пониска од 27 степени во текот на летото, додека во текот на зимата не треба да биде повисока од 21 степен за да се намали потрошувачката на електрична енергија.

Исто така, документот ги обврзува буџетските корисници да ја намалат потрошувачката на електрична енергија за 15 отсто, во однос на соодветниот месец од претходната година, во спротивно ќе бидат казнети.