Група „Анонимус“ од Албанија ѝ се закани на француската влада дека ќе ја плати цената и ќе биде виновникот за почеток на нова војна на Балканот, доколку не го ослободи Рамуш Харадинај, пренесуваат албанските медиуми.
Во видео-пораката објавена на Јутјуб, членовите на „Анонимус Албанија“ велат дека се многу разочарани од одлуката на француските власти околу апсењето на Харадинај, оценувајќи ја како провокација.
„Директно до француската влада. Ние сме Анонимус Албанија. Ние сме многу разочарани од вашиот став за апсењето на Рамуш Харадинај, еден од нашите херои“, се вели во пораката.
За оваа група Харадинај придонел на „ослободувањето на Косово во 11998 година“, истакнувајќи дека Косово е независно, а не дел од Србија.
„Вие го поткопувате дијалогот меѓу Косово и ЕУ. Вашата провокација ќе почне војна на Балканот. Значи, не играјте си со нас. Не би требало да го екстрадирате Харадинај на Белград, бидејќи потоа ќе има војна и со нас и со Албанија. Не заборавајте, или Хараднија на слобода, или ќе платите за ова. Ние сме Анонимус Албанија. Ние не простуваме, ние не забораваме, очекувајте нѐ“, се вели во пораката.