Албански државјанин уапсен кога со фалсификуван пасош сакал да излезе од Македонија

При контролата на полциските службеници било констатирано дека страниците 9 и 10 се од обична хартија, лист кој на прецизен и професионален начин е налепен во патната исправа.

Поради сомнение дека се работи за кривично дело „фалсификување исправа“ истиот е лишен од слобода.

Нема информации како и преку кој граничен премин албанскиот државјанин влегол на територијата на Република Македонија.