Aлбански епидемиолог: Ние сме модел на Шведска, но не сме шведски народ

Познатиот албански епидемиолог Илир Алимехмети оценува дека состојбата со ковид-19 во земјата е вон контрола, додавајќи дека заразени граѓани ги преполниле здравствените центри, болниците, а се движат и по улиците иако се заразени.

– Ние сме модел на Шведска, но не сме шведски народ, кој доследно се придржува на секоја мерка и препорака – изјави Алимехмети за Топ чанел телевизија.

Нагласува дека треба да се премине на активен надзор, правејќи повеќе тестови за да се спречи ширењето на болеста.

– Ние сме последни како земја во Европа за тестирање. Само со зголемување на тестирањата на дневно ниво за неколкупати ќе се прекине синџирот на инфекции. Досега преземените мерки, како воопшто да не постојат. Состојбата е многу проблематична во повеќе окрузи. На пример во округот Фиер од тројца тестирани двајца се позитивни а во Валона секој втор тестиран, рече тој.

Смета дека поради тоа неколкунеделен карантин би вредело да се воведе.

И познатиот инфектолог Пелумб Пиперо смета дека ограничувачките мерки треба да се заострат и препорачува целосно затворање на главниот град, каде се 23.475 од вкупно активните 35.456 лица.

Минстертвото за здравство вчера информираше дека се регистррани нови 629 случаи од направените 2.021 тестови, што е над 31 отсто од тестираните