![hakeri442980s1 Албански хакери го нападнаа сајтот на српскиот омбудсман](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/04/hakeri442980s1.jpg?resize=652%2C326&ssl=1)
Албански хакери ја нападнаа интернет страницата на српскиот омбудсман, јави Танјуг.
По хакерскиот напад, на страницата на омбудсманот, чиј официјален назив во Србија е „заштитник на граѓаните“, се појавило албанското знаме и текст на англиски јазик: „Во чест на Денот на независноста на Албанија – црвено и црно“.
Хакерите се потпишале како „Воини на Обединетите држави на Албанија“.