Албански полицаец убиен во акција против плантажите со канабис

Полициски офицер од секторот за криминал е застрелан претпладнето во вторникот  во момент кога заедно со други колеги биле на работна задача во откривање на парцели со канабис.

Инцидентот се случил во 10,30 часот на осторовот Лежа кога од огнено оружје е пукано врз полициска група која била во контрола на тоа подрачје, во рамки на акцијата за елиминирање на одгледувањето на наркотични растенија. Тешко е повреден полицисикот офицер 44-годишниот Саимир Хоџа кој им подлегна на повредите на пат кон регионалната болница во Лежа, се наведува во полициското соопштение.

Областа е блокирана од големи полициски сили, меѓу нив и припадници на специјалната единица за брзи интервенции, а на местото на настанот е и генералниот директор на полицијата Анди Велиу и истражна екипа.

Хоџа, кој имал релативно подолга кариера во полицијата, бил оженет и е татко на две малолетни деца.

Полицијата веќе го идентификувала убиецот, за кого се верува дека се уште се крие во близина на подрачјето каде се случил инцидентот.