Албански закани: Српските фудбалери ќе ги убиеме со снајпери!

Според информациите од безбедносните структури никој не и гарантира сигурност на српската фудбалска репрезентација на гостувањето во Елбасан во октомври наредната година.

Безбедносните структури препорачуваат Фудбалскиот сојуз на Србија да избегне гостување на репрезентацијата на 8-ми октомври наредната година во Албанија, бидејќи во таа земја на „орлите“ им е загрозена сигурноста.

Исто така постои опасност од напад на терористите на Исламската држава во Ирак и Леванта (ИДИЛ) на мечот во Елбасан, пишува денес белградскиот дневник Курир.

Изворот вели дека во последно време е засилено делувањето на ИДИЛ во регионот, што е само едена од причините да ФСС побара од УЕФА мечот да се одигра на неутрален терен.