Албанскиот јазик да биде задолжителен во учлиштата, бара Алијансата за Албанците

Главен столб на нашето дејствување е официјализирањето на албанскиот јазик, имајќи го предвид територијалниот обем, автохтоноста, партиципацијата во државата и целта за градење на „Држава за Сите”, со високи Европски демократски вредности, реагира Бујаре Абази од Алијанса за Албанците за предлогот на МОН за реформите на основното обрзаование, албанскиот јазик да се изучува факултатитвно.

-Нашата визија за „Држава за Сите”, е комуникацијата меѓу граѓаните на двете најголеми заедници да биде во таква форма што секој од нив да зборува на свој јазик, но и ќе се разберат без никаков проблем. Ова визија може да се постигне тогаш кога и албанскиот јазик ќе се официјализира на начин кој го заслужува, но не со пречки кои ги прави власта со нејзиниот партнер ДУИ, кои се обидуваат со хибридни решениа да ја манипулираат јавноста, со претпоставки дека во новиот концепт за основно образование албанскиот ќе го учат и учениците од заедниацата кое што е мнозинство во државата, вели Абази.

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, потсетува дека ветувањата на ДУИ во новиот концепт за основното образование, било албанскиот јазик да се учи како задолжителен предмет, а не избoрeн предмет, како што најавила министерката Царовска.

-Земајќи го предвид новиот концепт, ќе има повеќе од 20 избoрни предмети, па можноста за да се избере албанскиот јазик од страна на учениците Македонци е многу мала во прoцент, или воопшто не може да се избере како предмет. Ако ги земаме предвид и политичките консталации, доаѓаме до заклучок дека ова е само едно хибридно решение во очите на јавноста и ова зборува за политички пазар меѓу СДСМ и ДУИ. Ако се мисли дека со ова решение се прави официјализирање на албанскиот јазик, се поставува прашањето зошто за албанскиот ученик, македонскиот јазик треба да биде задолжителен? Зошто да не биде и македонскиот јазик изборен предмет за албанските ученици, прашува Абази.