Албанскиот премиер Рама доби дете на 50 години

Педесетгодишниот албански премиер Еди Рама го доби своето второ дете, радосна вест што самиот ја сподеи на „Твитер“.

Неговата сопруга Линда (48) на свет го донесе синот Захо. Таа се породила со царски рез во гиниколошката клиника „Кочо Глиожени“ во Тирана. Малиот Захо е тежок 3,5 килограми и тој и мајка му се во добра здравствена состојба.

Сопружниците Рама од првите бракови имаат возрасни деца, Еди, синот Грегори (25), а Линда ќерката Реа (24).

Еди и Линда стапија во брак во 2010 година.