Туристичкиот сектор во Албанија најмногу ќе биде погоден од последиците од разорниот земјотрес, што ја погоди оваа земја лани на 26 ноември. Во извештајот за процена е наведено дека загубите во тој сектор ќе бидат околу 73,5 милиони евра, со последици кои ќе траат уште 4 до 5 години. Во извештајот загубите од земјотресот се поделени во четири категории. Поконкретно, само за три години, се очекува албанската економија да претпри загуби од 61,5 милиони евра.