Британската легедарна рок група Queen се врати на првото место на листата најслушани албуми во Велија Британија првпат по 1995 година.
Концертниот албум „Live Around The World“ е десеттиот на Queen, а прв со американскиот пејач Адам Ламберт, кој му се придружи на бендот во 2011 година.
Ова е осми албум на Queen во живот, но прв без еден оснивачите и фронтменот на бендот Фреди Меркјури, кој почина во 1991 година.
Ламберт прво настапуваше со Роџет Тејлор и гитаристот Брајан Меј во 2009 година, кога бепе финалист на осмата сеозна на шоуто Америка има идол. Две години подоцна почнаа заедно да настапуваат на концерти. Од тогаш Queen и Адам Ламберт се едни од најбараните изведувачи на светот.
На албумот „Live Around The World“ се наоѓаат хитовите како „Don’t Stop Me Now“, „Radio Ga Ga“, „We Will Rock You“ и „We Are The Champions“, изведувани на концери ширум светот. Албумот е објавен како своевидна благодарноста за фановите, откако турнејата на бендот за 2020 година беше откажана поради пандемијата на коронавирусот.