Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри е задоволен од изданието на неговите фудбалери на натпреварот со ПСЖ и покрај поразот со 2:1.
– Имавме добар натпревар, но ја пропуштивме нашата шанса. Беше неопходно да ја зачуваме присебноста до крај. Требаше да се создадат повеќе шанси преку левата страна. Ја пропуштивме нашата шанса. Знаеме дека треба да се подобриме и работиме на тоа. Некои од нашите играчи наскоро треба да се вратат по закрепнувањето од повреди, што е добро за тимот. Понекогаш се однесувавме ризично, бидејќи против нас играа најбрзите напаѓачи на планетата. Во вториот дел се браневме подобро, треба да продолжиме во истиот дух. И во второто полувреме одиграме храбро, изјави Алегри за „Канале 5“.
Во второто коло, Јувентус на 14 септември ќе ја пречека Бенфика.