Алек Болдвин ги тужи оние кои „злонамерно“ судски го прогонувале

Холивудскиот актер Алек Болдвин поднесе тужба за злонамерно гонење и кршење на граѓанските права против оние кои се вмешани во покренувањето кривични пријави против него поради смртта на кинематограферката Халина Хачинс на сетот на филмот „Rust“ (Рѓа).

Во тужбата се наведува дека обвинителите намерно прикриле докази коишто би го ослободиле Болдвин и „барале жртвено јагне на секој чекор“ со цел „злонамерно да го иницираат или унапредат“ судењето и осудата на американскиот актер.

Се тврди дека обвинетите, вклучително и специјалната обвинителка Кари Морисеј и окружната обвинителка во Санта Фе, Мери Кармак-Алтвис, биле „заслепени од нивната желба да го осудат Болдвин поради погрешни причини“.

Во изјава за новинската агенција PA, Морисеј рече: „Во октомври 2023 година, тимот на обвинителството дозна дека г-дин Болдвин имал намера да спроведе граѓанска постапка за одмазда“. „Со нетрпение го очекуваме нашиот ден на судо“.

Тужбата беше поднесена помалку од еден месец откако Морисеј поднесе жалба на судската одлука за отфрлање на обвинението за убиство од небрежност против Болдвин, по фаталното пукање на Хачинс на филмски сет во Санта Фе во 2021 година.

Болдвин, главниот актер и копродуцент на филмот, истрелал куршум од пиштол за кој мислел дека е филмски реквизит, убивајќи ја снимателката и ранувајќи го режисерот Џоел Соуза.

Судењето за ненамерно убиство на актерот беше поништено во јули, кога судот ги отфрли обвиненијата за убиство од небрежност, согласувајќи се со одбраната дека обвинителите и полицијата задржале докази за изворот на куршумот што ја уби снимателка та Халина Хачинс на сетот во 2021 година.

По поднесувањето на тужбата, адвокатите на Болдвин, Лук Никас и Алекс Спиро, рекоа во заедничка изјава за новинската агенција PA: „Обвинителството треба да биде фокусирано на потрагата по вистината и правдата, а не на лична или политичка корист или на малтретирање на невините Морисеј и сор. „Обвинетите го прекршиле тој фундаментален принцип и ги гипогазиле правата на Алек Болдвин“, велат тие.