Актерот Алек Болдвин вчера и официјално беше обвинет за убиство на снимателката Халина Хачинс на снимањето на филмот „Рѓа“ во октомври 2021 година.
Болдвин е обвинет за убиство од небрежност, како што беше најавено претходно овој месец, пишува „Дејли мејл“.
Доколку биде прогласен за виновен, на славниот актер му се заканува затворска казна до пет години. Болдвин изјавил дека ќе се бори против таквите обвинувања и тврди дека сѐ што се случило било само трагична несреќа.
Снимањето на овој филм каде што се случи убиството ќе продолжи, а во главната улога ќе продолжи и самиот Болдвин.
До трагедија дојде при пробната сцена од филмот „Рѓа“ кога актерот пукал од пиштол за кој се верувало дека е реквизит, а во него нема вистински куршуми. Меѓутоа, се испоставило дека станува збор за вистински пиштол, а куршумот ја погодил и ја усмртил Халина Хачинс.