![Alek Boldvin](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/Alek-Boldvin.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Актерот Алек Болдвин во петокот по вторпат беше обвинет за убиство од небрежност на кинематограферката Халина Хатчинс на сетот на вестерн-филмот „Rust“.
Обвинението во сојузната држава Ново Мексико доаѓа неколку месеци откако обвинителите ги отфрлија претходните обвиненија против актерот. Независниот форензички тест покажал дека Болдвин морал да го повлече чкрапалото на револверот што го користел на пробата за да го испука куршумот што ја уби Хатчинс.
Болдвин, кој глумеше во хит телевизиската комедија на NBC „30 Rock“, негираше дека го повлекол чкрапалото и рече дека не е одговорен за смртта на снимателката.
Специјалната обвинителка Кари Морисеј претходно изјави дека ќе поднесе нови обвиненија против Болдвин доколку независен тест покаже дека пиштолот „Colt.45“ бил во „работна состојба“.
Обвинителите претходно ги отфрлија обвиненијата против Болдвин врз основа на доказите дека пиштолот имал одредени модификации, па можел да истрела без повлекување на чкрапалото.
Болдвин првично беше обвинет во јануари минатата година за убиство од небрежност, а тие обвиненија беа отфрлени во април. Заедно со него беше обвинета и Хана Гутиерез Рид, која беше задолжена за оружјето користно на сетот.
За време на снимањето на филмот кобниот настан од 21-ви октомври 2021 година на ранчот „Бонанца Крик“ близу Санта Фе во сојузната држава Њу Мексико. Болдвин пукал со пиштол кој, како што се испостави, содржел боева муниција, при што ја уби снимателката Халина Хатчинс и тешко го рани режисерот Даниел Соуза.