Повремениот репрезентативец на Бразил, Алекс, откри дека и во новата клупска сезона ќе го носи дресот на актуелниот шампион на Франција, ПСЖ.
Поранешниот дефанзивец на лондонскиот премиерлигаш Челзи на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, но според последните информации 31-годишниот Алекс ја прифатил понудата да остане на “Паркот на Принцовите” до крајот на следната сезона.
„Многу сум среќен во Париз и убеден сум дека ќе останам на “Паркот на Принцовите” уште една сезона. Убеден сум дека најкасно за две недели ќе го потпишам новиот договор со важност до 2015 година. Кога е во прашање репрезентацијата на Бразил, можам да кажам дека не сум голем оптимист, мислам дека нема да настапам на престојниот Мундијал. Покана ќе добијат неколку мои соиграчи, двајца или тројца, а јас сум свесен дека мали се шансите и јас да добијам покана”, изјави централниот дефанзивец.