Алекс Родригез и посака среќа на Џеј Ло во бракот со Бен Афлек

Пензионираниот спортист Алекс Родригез сè уште ја почитува и ја цени својата поранешна свршеница, пејачката Џенифер Лопез.

По нејзината венчавка со Бен Афлек, Родригез во едно неодамнешно интервју изјави дека нема проблем да ја гледа Лопез во прегратките на друг.

„Со Џенифер, гледате, тоа беше добро искуство. На неа и на децата, кои се паметни, убави и прекрасни, им посакувам се најдобро“, продолжи Родригез, кој е татко на двете ќерки од претходниот брак со Лопез.

Родригез почна да излегува со пејачката во 2017 година, а прстенот го извади две години подоцна.

Свршувачката беше прекината во март 2021 година, а Лопез се омажи за Афлек оваа година.