Александар Јанев е назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност. Сашо Петрушевски, пак, е именуван за нов државен секретар во Министерството за внатрешни работи.
Овие две одлуки ги обелодени министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, по првата владина седница одржана денеска.
-Присуствував на првата седница на новата Влада која ја одбележаа повеќе значајни одлуки од кои дел се однесуваат на кадровски промени во Министерството за внатрешни работи. Во тој контекст, на денешната седница за нов директор на Бирото за јавна безбедност беше именуван Александар Јанев, а на позицијата државен секретар во Министерството за внатрешни работи е именуван Сашо Петрушевски. Во оваа прилика сакам да упатам честитки за нивното именување и сигурен сум дека сите заедно ќе работиме во насока на подобрување на безбедноста и стабилноста во Македонија“, напиша Тошковски.