Александар Николовски вечерва гостин во „Отворено“ на ТВ Алфа

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, вечерва ќе гостува во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа, веднаш по централниот дневник.

5-ти мај – поправен за Македонија или потврден испит за Северна? Дали е ред на заборавените, гневните и разочараните да го возвратат ударот и да ја изберат Силјановска за претседател? Дали следствените предвремени парламентарни избори ќе значат враќање на државата кај вистинските сопственици – народот или и ова е демагогија… Ова се дел од темите на кои Николовски ќе даде свое мислење.