Нов директор на Универзитетска Kлиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) е д-р Александар Трајановски, соопшти денеска Министерството за здравство.
Д-р Трајановски е вработен на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ од 2011 година. Дипломирал во 2006 година на Медицинскиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2012 година завршил специјализација по ортопедија, а во 2019 година ја завршил и субспецијализацијата по трауматологија на истиот факултет.
Новиот директор на ТОАРИЛУЦ д-р Трајановски се едуцирал и на Универзитетскиот Клинички центар во Љубљана, Словенија, и во болницата Аџибадем Истанбул, Турција. Учествувал во научни проекти, автор и коавтор е на повеќе научни публикации.