Сто милиони денари годишно од парите на граѓаните ќе бидат потрошени за привремени вработувања на партиските послушници на СДСМ и за новите советници на премиерот Зоран Заев од невладиниот сектор, и затоа неговата антиреформска влада прави рабаланс на Буџетот за да може да ги исплати фактурите од таканаречените невладини активисти, рече во вторникот претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова.
„Наместо реализација на ветувањето 500 евра просечна плата, Заев започнува со реализација на ветувањето ‘ќе ја партизираме државата од чистачка до министер’, за што ќе потроши стотици милиони денари пари на граѓаните. вој проект на Заев е поддржан и од пратеници на СДС, како Курто Дудуш, кои шетаат по своите избирачки места и се закануваат дека без членска книшка на СДС ниту вработување ќе видат граѓаните, ниту лекарска услуга, ниту пак ќе добијат било каква друга услуга“, рече Александрова.
Споредн неа, наместо овие високи сто милиони денари годишно да одат за непотребните владини советници, подобро би биле овие средства да се искористат за зголемувања на стандардот на граѓаните или за градење инфраструктура.
„Сепак, македонските граѓани ќе ги плаќаат партиските кадри на СДС кои по секоја цена мора да бидат вработени. Со сто милиони денари годишно пари на граѓаните ќе бидат плаќани и поранешните невладини активисти кои цело време лажеа дека се коректив на власта, а позадински одработуваа за политичките интереси и агенда на СДС. Тие за својот ангажман како награда се ангажирани од Зоран Заев како советници во својот кабинет“, посочи Александрова според која ваквото исплаќање покрај тоа претставува и уништување на невладиниот сектор во полза на СДСМ.