Алексовски: Обвинителството да испита за куповите пари со кои активисти на СДСМ се сликаа во нивниот штаб

Веќе два дена поминаа од објавувањето на скандалозните фотографии по социјалните мрежи и другите медиуми, каде што јасно и недвосмислено се гледа како членови на Социјалдемократскиот сојуз од Ранковце, облечени во партиски маички со партиски обележја околу нив, се фотографираат и јавно покажуваат илјадници евра и денари, а полицијата и министерот Оливер Спасовски никаде ги нема да превземат нешто, изјави Димче Арсовски, потретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Запраша од каде им се илјадници евра и денари, на млади партиски активисти, како и за што овие пари ќе бидат употребени?

„Дали Социјалдемократскиот сојуз со црни пари, со пари од подземјето, се спрема изборен поткуп и насилно менување на волјата на гласачите од невиден размери во Република Македонија? Дали и во други општини во државата, на ист ваков начин, со валкани пари, со кеш, Социјалдемократскиот сојуз ќе проба да купува гласови и да извојува победа? Зошто УЈП и МВР не реагираат воопшто“, праша Арсовски.

Потенцираше дека уште еднаш ги повикуваат сите релевантни институции, но првенствено партискиот министер Оливер Спасовски и Министерството за внатрешни работи, да не го затскриваат овој случај, ваков изборен скандал, ваква изборна нерегуларност, мора да има правна разрешница, кажа тој.

„Очекуваме случајот во најбрзо време биде расветлен, во спротивно цениме дека Оливер Спасовски и Министерството за внатрешни работи, директно ги помагаат лицата инволвирани во овој сериозен и криминален случај на поткуп на гласачи. Со поткуп, притисоци, закани, уцени и насилие, изборната волја на граѓаните нема да ја сменат. На 15-ти октомври Социјалдемократскиот сојуз убедливо ќе биде поразен“, заклучи Арсовски.