Алексовски: Во Крива Паланка ќе воведеме гасификација, ќе ги реконструираме улиците и ќе изградиме населби за млади брачни парови

Да се биде Македонец најпрвин е света работа, а дури потоа проклетство и немир и ние не сме Македонци само затоа што пишуваме и зборуваме македонски, Македонци сме затоа што сме страдале и тагувале македонски. А и ден денес страдаме од оние кои сакаат да ни ја продаваат државата, јазикот, историјата и културата вели кандидатот за градоначалник на општина Крива Паланка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Арсенчо Алексовски.

„Остана уште една недела од кампањата за едни од најважните избори во Македонија, избори на кои ќе гласате за себе, своето семејство, соседство, визијата и иднината на нашата општина и на Македонија. Не познавам никој човек што стигнал до врвот без напорна работа и максимално вложување во себе, при остварувањето на работата, затоа што напорната работа води кон успех, а успехот води кон ерата на развој на Крива Паланка. Јас во изминатите два мандата го користев мојот труд и истрејност за да се спротиставам на сите предизвици и да започнам да работам на планот нашата општина да стане достојно и убаво место за живеење. Овој плоштад на кои чекориме ние и нашите деца говорат за тоа, сите овие дела и реализирани проекти од патишта, спортски објекти, водоводи, канализации кои ги гледате во градот и околината не ми припаѓаат мене, ниту на оние кои ги граделе, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на општината, тоа се дела кои им припаѓаат на граѓаните на Крива Паланка“, потенцираше Алексовски.

Додаде дека во наредниот период ќе направи повеќе за граѓаните на Крива Паланка, за тоа што тој како кандидат и ВМРО-ДПМНЕ не ветуваат ништо што неможе да го реализираат.

„По третпат стојам пред вас и ја барам довербата да ја водам општината во наредните четири години и секој пат пред вас сум излегувам со програма по која ќе ја градиме нашата општина, така и сега и за овој мандат излегувам со програма, но и на крајот од мојот мандат на сите вас ви давам отчет за сработеното. Од програмата би издвоил: Гасификација на Крива Паланка, изградба и реконструкција на тротоарите, изградба на локални патишта, реконструкција на дел од водоводниот систем во градот, изградба на пешачка патека, изградба маала за млади брачни парови, а не да градиме за мигранти, ова и многу други проекти“, најави Алексовски.