
Зоран Јолевски ќе биде новиот министер за одбрана во македонската Влада, објави телевизија Алфа.Телевизијата се повикува на извори од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Јолевски досега ја извршуваше функцијата амбасадор на Македонија во САД.
Во ноември 2008 година, тој беше назначен за главен преговарач на спорот за името на Македонија.
Неговите канцеларии се наоѓаат во Амбасадата на Македонија во Вашингтон. Тој докторирал за меѓународната економија на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј “од Скопје. Беше генералниот секретар на починатиот македонски претседател Борис Трајковски од 2000 до 2004.