5.8 C
Skopje
недела, декември 1, 2024

„Алфа“: Надлежните не само што знаеле, туку и дозволиле истурање на смет во Вардариште

Наместо Лајка, среде Скопје, на Вардариште, се негува дива депонија . Скопски Комуналец го собира сметот од градот, и го истура во скопско Маџари, ама не на своја рака, туку со знаење на надлежните..Пред пет дена, граѓаните пред камерата на Алфа ги повикаа градоначалниците и инспекторите да реагираат навреме, оти , како што велат, ако не короната, ќе ги убие смрдеата од ѓубрето што ја дишат..

Им се обрати единствено градоначалникот на Гази Баба, но само да ги извести, дека тој не бил надлежен за депонијата. Ваквиот однос уште повеќе го зголеми револтот кај жителите на Маџари, по што, ги контактирале сите надлежни, но сите се прогласиле за ненадлежни за нивниот проблем.

Одговор, конечно, дојде од Град Скопје. Екипите на скопски Комуналец собрале приближно 1000 тони отпад поради изминатиот викенд-полициски час, но немале доволно време да го однесат во Дрисла, па привремено го складирале во Вардариште и во Карпош. Дополнително, од Град Скопје велат, дека локациите, денеска целосно се расчистувале. Но, граѓаните кои живеат во близина на депонијата, велат – не е така..

-Да, чистат нешто ама пак се носи, значи ова си трае така, континуирано. Вака сега, овој проблем не е од сега, од оваа криза од два, три- пет дена, овој проблем трае веќе две години-вели Горан Илиев- жител на скопско Маџари.

Дали се расчистува депонијата – останува нејасно, зашто камионите со ѓубре, продолжуваат да ја полнат дивата депонија вардариште..
Пред нас, е уште подолг полициски час од претходниот, кој ќе трае 85 часа, ако по претходниот 61-но часовен карантин, од комуналец собрале 1000 тони отпад, прашањето што се наметнува е – колку ќе соберат сега, и најважното, каде ќе го однесат.