![boki 13 i tatko mu mile](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/08/boki-13-i-tatko-mu-mile.png?resize=635%2C348&ssl=1)
Телевизија ,,Алфа’’ објави шокантно видео од нападот на Боки 13 односно Бојан Јовановски и неговиот татко Миле врз поп на МПЦ.
Во видеото кое е најава за репортажи кои ,,Алфа’’ ги најавува за наредните денови се гледа како таткото Миле и Боки 13 вршат вербални и физички напади врз свештеник кој се обидува да влезе во својот дом.
Нападот е извршен додека во возилото на попот има две деца а инцидентот го гледаат и сопругата и уште едно дете.
Инаку, случајот нема правна разврска повеќе од 30 месеци.