„Алфа“: Во СДСМ врие, членството незадоволно од договорот

Договорот од Пржино со кој се стави крај на кризата- власта ја мотивираше, а опозицијата ја раскара. Познавачите кај владејачката гарнитура гледаат засилено темпо на работа, а кај социјалдемократите залутаност и различни толкувања на документот кои се причина за жестоки превирања во опозициските редови, пренесува Алфа ТВ.

-И понатака очекувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со позитивната кампања- привлекување на нови инвестиции, отворање на нови работни места, претпоставувам дека ќе продолжат проектите во инфраструктурата, отворање и реновирање на болници, училишта, а од друга страна како опозит на тоа и понатака овој СДСМ предводен од Зоран Заев, не може ништо друго да се очекува, него водење на некоја негативна камања и политика. Досега нити видовме, а не верувам и дека ќе видиме било какви решенија од нивна страна, програма за оние најгорливи прашања на граѓаните. Дури повеќе и оние единствени два-тројца мохиканци кои што седеа во СДСМ, а имаа разбирање во економската политика, гледаме дека и тие го напуштаат бродот затоа што не сакаат да учествуваат во оваа губитничка политика, вели аналитичарот Александар Пандов.

Во меѓувреме во јавноста излегуваат се повеќе детали од состанокот на партискиот врв на СДСМ на кој голем дел од членовите биле незадоволни од договорот на кој потпис стави и Заев. Според неофицијалните информации, причината за нивната разочараност биле преголемите ветување од лидерот, наспроти она што го добија. Падна и првата оставка. Потпретседателот Узунов го напушти Заев. Се најавуваат уште оставки.

Експертите очекуваат дека следните чекори на првиот опозиционер ќе бидат во насока на блокирање и уривање на договореното.

-Јас и понатака сум уверен дека СДСМ и Зоран Заев не цврсто гази на тој договор кој го имаат четирите политички партии, а од друга страна очекувам од овие останативе три потписника крајно конструктивен однос кон самиот договор и верувам дека ќе се запазуваат сите тие договорени работи, додава Пандов за Алфа ТВ.

Заев договореното го претставува како триумф за опозицијата, но голем дел од социјалдемократите се со став дека Заев ја продал партијата за да се спаси од судење. Ако СДСМ ги загуби изборите, членството му порачало на партискиот челник да си понесе одговорност.

Последните анкети покажуваат повеќе од двојно поголема предност на ВМРО-ДПМНЕ наспрема СДСМ.