„Алфите“ фатиле на дело крадци во Сопиште

Минатиот викенд полицијата фати на дело двајца кратци како ограбуваат куќа во скопското село Сопиште. Едниот од нив е уапсен, а по другиот се трага.

Двајцата крадци пристигнале со автомобил „форд фиеста“ пред куќата и со соодветен предмет успеале да ја пробијат балконската врата на куќата. Влегле во куѓата и ги пребарувале собите. Во една од нив нашле златен накит во вредност од 120.000 денари. Пред да ја напуштат куќата пред врата ги пречекалее припадници на единицата „Алфа“ кои предходно биле известени од сопственикот на соседната куќа дека нешто сомнително се случува во куќата каде што се одвивал крабежот.

Кога полицајците побарале да се легитимираат, крадците почнале да бегаат и го фрлиле накитот во нива.

По кратко време едниот од нив К.Д. (26) од Скопје е фатен, додека вториот успеал да избега.

СВР-Скопје до надлежното обвинителство против К.Д. поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба“.

Во неговиот дом во село Волково е извршен претрес каде се пронајдени предмети за кои дополнително ќе се утврдува дали потекнуваат од други кривични дела.