Алфите осомничени во случајот „Тортура“ денеска на распит

Командантот на специјалната единица „Алфи“, Ивица Антевски – Пуки и останатите припадници на оваа единица кои го апсеа лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски, денеска треба да се појават на распит во Основниот суд Скопје 1.

Минатата недела се одложи распитот бидејќи шестмината осомничени во случајот „Тортура“ за кои Специјалното јавно обвинителство побара да им бидат определени мерки за претпазливост, побарале дополнително време за увид во предметот.

Како што соопштија од Основниот суд Скопје 1, увидот во предметот не им бил овозможен во Специјалното јавно обвинителство, но судијата на претходна постапка го дозволил.

Тие се товарат за нечовечко постапување при апсењето на Бошкоски. Првоосмничен во овој случај, кој го отвори СЈО, е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, но за него Обвинителството не побара ниту притвор, ниту мерки за претпазливост.