„Алфите“ сеуште трагаат по „калашниковот“, кој исчезнал од арсеналот на оружје на полициската единица за борба со уличниот криминал.
Како што вчера пишуваше НетПрес, биле повикани сите припадници на оваа единица на рапорт во Министерството за внатрешни работи за да се пронајде оружјето.
На 27.10.2018 година од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди е извршена контрола во Единицата за прв одговвор и интервенција. При тоа е констатирано дека недостасува една автоматска пушка. Одделот презема мерки за расчистување на случајот.
Така било откриено дека за исчезнатата автоматска пушка бил задолжен полицаец од Куманово, кој во едницата дошол за време на последната ротација со која на одреден временски период се пополнува единицата со припадници на полицијата од разни оргнизациски единици. Иако, е утврдено чија пушка фали, сепак допрва ќе треба да се открие дали „калашниковот“ е изгубен, украден или полицаецот си го зел дома.
„Алфите“ имаат статус на посебна единица за прв одговор и интервенција во рамки на Секторот за внатрешни работи Скопје, поради што овластувањата важат исклучиво на територијата на Град Скопје.