Алфите завршија во Интервентна полиција со намалени плати

Но, уште на самиот старт, веќе се јавија и првите проблеми и незадоволства кај припадниците на веќе поранешните „Алфи“, бидејќи со новата трансформација им е намален специјалниот додаток од 45 на 25 отсто.

Укинувањео на полициската единица „Алфи“, и нивно спојување со единицата за јавен ред и мир, во јавноста поттикна низа шпекулации, особено што ова се прави токму пред избори.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, посочи дека фузијата на единиците е по примерот на повеќе европски земји, чија крајна цел е поголема видливост и активност на полицијата на терен. Овие две единици ќе работат како посебна интервентна единица.

Но, уште на самиот старт, веќе се јавија и првите проблеми и незадоволства кај припадниците на веќе поранешните „Алфи“, бидејќи со новата трансформација им е намален специјалниот додаток од 45 на 25 отсто.

Пред два дена Владата, на предлог на МВР, Владата ја усвои измената на Уредбата за униформата и ознаките на униформата на новата Единица за интервентна полиција (ЕИП).
На новиот амблем, како што може да се забележи од фотографијата подолу, не го пишува името на државата во која тие  делуваат, што е вообичаено. Всушност од ознаката на униформата на новата Интервентна единица, не може да се препознае за чие МВР конкретно станува збор.
Оваа, дефинитивно, неслучајност, укажува и на други актуелни проблематики со кои се соочува Македонија изминатиот период, особено по оформувањето на сегашната владејачка коалиција.

А, вака изгледаше претходната ознака на униформите на „Алфите“:

Новата ЕИП, како што информира владината прес-служба, ќе биде надлежна за следење на состојбите од областа на јавната безбедност на подрачјето на Секторот за внатрешни работи и преземање дејствија и мерки од областа на јавниот ред и мир, спречување на криминалитет и постапување по барање за асистенции за спроведување на извршна одлука.

„Алфите“ при сузбивање на уличниот криминал, оперираа во цивилка и користеа необележани возила. Единицата беше формирана во 2005 година под надлежност на МВР.

Имено, според познавачите на оваа проблематика, единицата „Алфи“ се покажала како состав кој е способен да ги стави под контрола локалните шерифи, кои СДСМ сега има намера да ги употреби на изборите за полнење на кутиите и за застрашување на населението.