
Две пијани 20-годишни момчиња навредувале и омаловажувале полициски службеници пред Полицисиската станица во скопската населба Ѓорче Петров
Утрово околу 3 часот на улицата „Радушка“, пред полициска станица Ѓорче Петров, бил нарушен јавниот ред и мир со омаловажување на полициски службеници од страна на А.В. и А.Ц., и двајцата на 20-годишна возраст.
Откако полициски службеници пристапиле да ги легитимираат лицата, А.В. кој бил во видно алкохолизирана состојба повторно започнал да ги омаловажува полициските службеници и истиот поради давање „активен отпор“ е приведен во Полициската станица Ѓорче Петров, каде е извршено алкотестирање со апарат „Дрегер“ и утврдено присуство на алкохол во крвта од 1,60 промили.