Алијанса и Алтернатива: Владата не е спремна да направи кредибилен попис

Алијанса за Албанците реагира дека Владата преку својата веб страница објавила информација за пописот на дијаспората која е во спротивност со Законот за попис. Според Алијансата ова е вторпат за кусо време власта да излегува со конфузни информации за пописот.

Од партијата велат дека на официјалната веб-страница на Владата меѓу другото, објавени се информации во врска со пописот на дијаспората, каде експлицитно пишува дека „За граѓаните кои не се во земјата за време на пописот, информациите се обезбедуваат од членови на семејството или граѓани кои најдобро ги знаат податоците за тие лица, под услов лицето кое ги дава информациите да поднесе валидна документација, од каде ќе се добие ЕМБГ за лицето што треба да се регистрира, што гарантира валидност на информацијата“

– Затоа, мора да ве потсетиме дека, за само неколку дена, ова е втора конфузија по ред во врска со пописот во релацијата закон и методологија. Сега, по втор пат, за жал, се потврдува дека како коалиција бевме целосно во право кога побаравме методологијата да биде вклучена во пакетот со Законот. Но, нашиот предлог беше одбиен од владата и, како резултат, овие коментари ни се случуваат во целосна спротивност со законот за попис на населението. Првиот пат ова беше поврзано со пописот на етничка и верска припадност на дијаспората, кога имавме конфузија и контрадикторни изјави на директорот и заменик директорот на Заводот за статистика, додека сега имаме информации на владината веб-страница, што е спротивно на одобрениот закон за попис. Во овој случај, се поставува прашањето: од каде ќе го добијат пасошот или личната карта на членови на семејството кои се во странство – велат од Алијанса за Албанците.

Од тму додават дека Законот вели дека „доволно е да се поднесе само матичниот број“. Ова е второ отстапување по ред во однос на Законот за попис и методологија. Според партијата,две толку големи отстапувања за многу кратко време прават да се сомневаме дека оваа влада не е подготвена да изврши кредибилен попис.