Алијанса за Албанците: Дождот ги извади на површина сите измами на Рамиз Мерко

Иако сме на сред изборна кампања и без законско право, актуелниот градоначалник на општината започнал асфалтирање на улици и улички без никаков критериум, без никаков стандард, некаде по 2, а некада по 4 сантими дебелина, со единствена цел за да ги залаже граѓаните на почетокот на изборите и само за придобивка на уште еден додатен глас. Но, кога намерите се лоши, плановите пропаѓаат и природата те засрамува. Дождот што почна да врне и што продолжува во текот на целиот ден, ги извади на површина сите измами на Рамиз Мерко, велат од Алијанса за Албанците.

„Милиони денари, стотици иљада евра на граѓаните на Струга се потрошија залудно, бидејќи асфалтирањата се прават непрофесионално, како “мачката со опашката”. Само со една прошетка низ улиците на градот ќе приметите дека новите асфалтирани улици за време на предизборната кампања, се преполни со вода и се непроодни, невозможно е граѓаните да поминат по улиците. Ова предизвикува хаос во сообраќајот и големи пречки во движењето на граѓаните. Затоа, почитувани, немојте да дозволите да бидете измамени сега. Немојте да им верувате на тие што во текот на нивните три мандати станаа провесионалци за измами. Уште малку денови останаа и Струга ќе диши слободно. Конечно ќе се ослободи од неодговорните лица, коишто единствено се збогатија на сметка на граѓаните и институциите ги третираат како да се нивна лична сопственост. Ништо повеќе. На 17 Октомври, без многу врева, со насмевка на лицето и со кренати глави, заокружете го бројот ШЕСТ, гласајте ЧИСТО и да го ослободиме нашиот убав град Струга“, порачуваат од Алијанса за Албанците.